Научници: Одиме кон свет на „надлуѓе“

од desk2
109 прегледи

 

Неврохирургот Ерик Летхад од Универзитетот Вашингтон истакнува дека во иднина на луѓето ќе им бидат вгтадувани миникумпјутери во мозокот, со што ќе се формира вид „надлуѓе“, кој по пат на мисли ќе комуницира меѓу себе и со апаратите.

Благодарение на константната минитуризација, електрониката на компјутерите станува се помала, па наскоро ќе можѓе, без поголеми проблеми, да се всадат во мозокот.

Лентхард наведува дека „телепатите“ ќе можат да пренесуваат информации на други луше и апарати со помош на тие уметоци во мозокот.

„Прашање е само кога. Дали до тоа ќе дојде за десет или сто години. Се работи за неизбежен развој на човештвото“, наведува Лентхард, кој напиша два романи и една дрма „за да го подготви општеството за доаѓачките промени“.

СО оглед на брзината со која се менува технологијата, не е невозможно да се замисли дека за 20 годни се што до сега е сместено во мобилните телефони, ќе може да се смести во „зрно ориз“.

„Уред со големина на ориз може да се вклопи во човечката глава на минимално инвазивен начин, и може да врши неопходни работи потребни да се формира мозок – компјутер“, вели Лентхард, пренесуваат научните портали.

Сопственикот на „Тесла“ Елон Маск, веќе развива начини за поврзување на луѓето со компјутерите.

Проектот е заснован на технологијата “невронска чипка“, а станува збор за ситни електроди имплантирани во мозокот.Преку нив еден ден би можеле да се внесуват и да се симнуваат мисли од мозокот во компјутер.

Маск смета дека „невронската чипка“ ќе може да им помогне на луѓе со мозочни повреди веќе за четири години, а за осум до десет години оваа технологија во стил на Matrix ќе му биде достапна секому.