На сите ни е многу добро познато дека светот е едно необично место за живеење. Сепак, многу туристи најверојатно се уште не се слушнале за овие потполно необични закони.

Забрането тетовирање и селфи со Буда
Ова правило се однесува за Шри Ланка, па ако се најдете таму, по секоја цена избегнувајте да правите селфи, бидејќи голем број на туристи ја имаат направено оваа грешка и морале да платат парична казна. Истото важи и за тетоважи со ликот на Буда.
Забранети електронски цигари
Ако одите во Тајланд, заборавете на својата електронска цигара. Ако таму ве фатат со неа, секако ќе платите парична казна, а во случај да сте му „интересен“ на судијата, тогаш лесно би можеле да завршите и зад решетки. Во Тајланд, од неодамна, исто така е забрането и пушење на многу плажи.
Не носете маскирана облека
Многу карипски држави, како Барбадос, Света Лусија и Свети Винсент, забрануваат носење на маскирана облека. Неа не смеат да ја носат ниту децата.
Не хранете голуби во Венеција
Од страна, пред хотел или каде и да било, уште и можеби ќе се извлечете поради оваа активност, но тоа никако да не ви се случи на плоштадот свети Марко. Таму ги има веќе премногу, па градските власти строго го забраниле нивното хранење, за луѓето дополнително да не ги привлекуваат.
Внимавајте на бензин во Германија
Кога се наоѓате на патиштата во Германија, добро внимавајте да имате доволно гориво. Имено, со закон е забрането да се остане без гориво, што и не е најнеобична работа, имајќи на ум дека на тој начин можете и себеси и други да доведете во опасност.
Без плукање во Барселона
Некултурно однесување, во вид на плукање по улица, постои речиси секаде во светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле на таков вид на некултура да реагираат, па гостите кои плукаат се прогласени за непосакувани.
Штикли во Грција
Грција не забранува носење на штикли на сите и секаде, туку само на посетители на значајни знаменитости, како што тоа на пример е Акропол. Носењето на оваа одлука е поттикнато од страв да можат да се оштетат историски места и споменици.
Внимавајте со банкноти во Тајланд
На пример, се наоѓате во Бангкок и случајно на под ви падне банкнота. Не сте ја виделе и сте ја нагазнале, но ве забележала полиција. Епилог- апсење, или во најдобар случај парична казна, бидејќи сте го навредиле кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навредата на кралот во оваа земја се смета за злосторство.
Без пцовки во Обединетите Арапски Емирати
Пцуењето, токму како и непристојните гестови, се работи кои се строго забранети во оваа држава. Оние кои ќе ги прекршат оваа правила можат да бидат депортирани, или, уште полошо, да завршат во затвор.