Дориана Метолари, аналитичар и директор на онлајн платформата HermesNews со седиште во Тирана, во интервју за новинцката агенција Журнал, зборува меѓу другото и за македонско- грчкиот спор.

-Секој треба да прави остапки, односно компромис за да се дојде едно прифатливо решење за двете страни, бидејќи ова е во интерес на сите и за доброто на граѓаните на двете земији.
Напорите да се изнајде едно прифатливо решење треба да се зголемуват од сите страни.
Луѓето треба да се зближуват, пред се со вредности, и државниците и лидерите на политичките партии треба да размислат како да изградат една подобра иднина, меѓу народите, или неговиот народ.
На Балканските простори не треба да има ѕидови, и меѓу Македонија и Грција не треба да има ѕидови, треба да има дијалог, преговори со цел да се постигне успех- вели во интервју за Журнал, Дориана Метолари, аналитичар од Тирана. Според неа, национализмот не му помага никому, наместо национализм треба да се стави во функција дипломатијата и економијата.