Жан – Мари Ле Пен ќе мора да плати 30.000 евра, а Мари Ле Пен да врати 300 илјади

од desk2
96 прегледи

Врховниот жалбен суд на Франција му наложи на основачот на Националниот фронт Жан-Мари Ле Пен да плати казна од 30.000 евра поради неговите антисемитски ставови.

Ле Пен, кој неодамна доживеа партијата која ја основа да ги раскине односите со него, во текот на настап на една ТВ станица во 2015 година, рече дека гасните комори во кои нацистите убија милиони Евреи, биле детаљ на Втората светска војна.

Ваквиот став не е новина во неговата кариера. Прв пат го изнесе во 1987 година, тогаш ги бранше и активностите на пронацистичката власт на Франција за време на Втората светска војна. Поради тоа доби серија тужби од различни организации и сите ги изгуби. Се смета дека поради таквите свои ставови, платил околу 100.000 евра.

Но, тоа е мала цена во споредба со она што потоа го доживеа.

Откако иснистираше на неговиот детаљ за гасните комори, неговата ќерка Мари, одлучи да му ја преземе партијата и да постави поумерени ставови.

Во тоа успеа, сменувајќи го татко и и поставувајќи се себеси за лидер на националниот фронт.
Партијата стана втора по јачина во Франција, а Мари Ле Пен влезе во Европскиот парламент.

Сепак, крушата под круша паѓа, оа таа неодамна е осудена дека мора да врати стотици илјади евра во Европскиот парламент. Како и нејзиниот татко, кој исто така беше пратеник во ова тело, таа ангажирала партиски активисти и нивната работа ја плаќала со европски пари, пријавувајќи ги како свои соработници во Еврорпскиот парламент, и во Стразбур.

По опсежна истрага и серија тужби, Ле Пен во буџетот на ЕП ќе мора да врати најмалку 300.000 евра.