Кремљ рече дека тие не започнала дипломатската војна со Западот по што следеле протерување на американските дипломати. Ова беше реакција на координираната акција на Велика Британија и нејзините сојузници по отруениот шпион. “Русија не започнала дипломатска војна”, тоа го соопшти пред новинарите Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека “Русија никогаш не иницирала размена на санкции”, рече Франс прес. Велика Британија ја обвини Русија дека е одговорна за труење на Скрипал и неговата ќерка Јулија, што Москва го негира. Лондон протера 23 руски дипломати, повеќе од 25 други земји објавија во почетокот на неделава слични мерки, во знак на солидарност со Велика Британија. 28-те земји-членки на ЕУ излегоа со изјава дека се согласиле дека е многу веројатно Русија да е одговорна за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март и наредија повлекување на амбасадорот на блокот од Москва. Германија, Франција и Полска досега рекоа дека секоја од нив ќе истера по четворица руски дипломати, Чешка и Литванија – по тројца, Италија, Данска и Холандија по двајца, а Летонија – еден. САД исто така објавија дека прогласуваат за персона нон грата 60 руски дипломати и го затвораат руското конзулат во Сиетл. Канада, Австралија, Норвешка, Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија и Македонија се дел од земјите надвор од ЕУ, кои заедно со САД ја поддржаа Велика Британија, Москва изрази незадоволство од тоа и вети дека ќе одговори на овие активности и во четвртокот протера 60 американски дипломати и го затвори конзулатот на САД во Санкт Петербург. Бугарија одби да протера руски дипломати, како и Грција, Португалија, Австрија, Малта, Словачка, Словенија, Кипар и Луксембург.
Бугарија, Малта, Луксембург и Словачка ги повикаа своите амбасадори од Москва за консултации. Австрискиот премиер вели дека нема доволно докази за вината на Русија во овој случај.
Амбасадорот останува ама еден македонски дипломат ќе биде протеран од Москва