Луто реакција на турскиот претседател Реџеп Ердоган по веста за смената на министерот за внатрешни работи и шефот на разузнавањето на Косово, објавија турски медиуми.
Од кога ги заштитувате терористите кои работат против Турција? Ќе плаќате за тоа, рече тој во обраќањето до косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
– Нашите тајни служби ги донесоа тука шесте членови на Ѓулен. Но многу се вознемирив кога разбрав дека се разрешени министерот за внатрешни работи и првиот човек на тајната служба. Еј,премиеру на Косово, кога почна да ги заштитуваш оние кои направија државен удар во Турција? Од кого доби наредба? Убеден сум дека народот на Косово, нашите браќа таму, ќе ти го дадат заслужениот одговор, изјави Ердоган напаѓајќи ги САД кои, според него го контролираат Харадинај.
Потсетуваме дека беа отпуштени министри од косовскиот премиер за депортација на шест турски граѓани.
Харадинај не беше информиран за оваа одлука и не даде согласност. Тој самиот во саботата објави дека случајот е предмет на истрага, објави Ројтерс.
Според турските медиуми, екстрадираните се сметаат за членови на “огранок на терористичката група на Балканот”.
Од Хјуман рајтс воч ја критикуваа Приштина за апсењата.
