Научници бараат природни објаснувања за приказните и чудата во Библијата. Католичкиот теолог Томас Зединг има разбирање за тоа, но не се држи многу до научните објаснувања.

Томас Зединг е професор на Католичко-теолошкиот факулетет на Рурскиот универзитет во Бохум. Тој предава на катедрата за Новиот завет.
Едно од најпознатите библиски чуда од Стариот завет гласи: Мојсие ја раздвоил водата во Црвеното море и им овозможил на своите сопатници бегство од Египет. Научниците велат дека Мојсие не го раздвоил Црвенотот море, туку е можно силни источни ветрови да биле тие кои створиле плитка вода погодна за бегство.
Друг пример е Големиот потоп. Научниците тврдат дека на крајот на леденото доба на целиот свет значително пораснало нивото на морињата. Поради забрзаното топење на глечерот пукнал копнениот мост кон Црното море и тоа предизвикало апокалиптичен потоп.
Дојче веле во разговор со професорот Зединг прашува дали тиа објаснувања не звучат уверливо? А тој пак е сигурен и вели Не. Според него, таквите пристапи имаат ограничен карактер. На пример, темата на воскреснување на Исус од мртвите според дефиницијата ги преминува границите на простор и време. А потоа и природно-научното објаснување доаѓа до своите граници. Но, тоа не значи дека се тоа може да се објасни.
Еден конретен пример: Исус оди по вода. Некои научници претпоставуваат дека Исус можел да стои на мали карпи мраз кои од брегот не можеле да се видат. Дали тоа значи дека одењето по вода е трик?
Има дури и вицови, вели Зединг, според кои наводно Исус користел камења, а ја сикористил утринската магла за да створи таков привид. Сметам дека Библијата треба повнимателно да се чита. Во неа пишува дека неговите следбеници на Галилејското езеро имале визија. Тие нешто виделе. Тие имале искуство коие не може да се објасни природно. Тоа на јазикот на Бблијата е „јавување“.
Тоа значи дека постои некоја комуникација меѓу Бога и луѓето. А тоа е работа која не може да ја објасни ни еден медицинар со медицина, ниеден физичар со физика, или биолог со биологија. Тоа е прашање на вера.
Теологијата има задача таквите прашања да ги претстави токму како прашања на вера и затоа сум многу скептичен кон обидите да се објасни на таков начин како што цитиравте.
Но, како Зединг го објаснува воскресението.
Тоа само по себе е доживување кое ги прмеинува границите на историската сфера. Имало луѓе кои дошле до уверение дека Исус станал од мртвите и тоа се сведоштв од Новиот завет. Нигде во новиот завет не се опишува самото воскресение на Исус.
Имало жени во Ерусалим кои рекле: „Сакавме да одиме на гроб, а гробот беше празен и ние тоа не можевме да си го објасниме. Но тогаш ни беше речено – низ Божји глас – дека гробот е празен затоа што Исус станал од мртвите.“
Имало луѓе кои тие искази на жените ги сметале за бесмислени. На крај и ним им се укажал Исус. Тие мислеле дека виделе дух. Но, Исус рекол: „Погледнете ме подобро. Јас сум Исус!“.
Тоа се две упоришта. Прво: гробот е најден празен. За тоа нема природно објаснување. И второ: тука се јавувањата на воскреснатиот.
Тоа исто така, покажува дека Бог не склопил сојуз со големите мудреци на тогашниот свет туку со обичните луѓе кои имале врска со Бог. Тоа има голема смисла, затоа што Бог е меѓу луѓето./DW