Иако кон крајот на 2016 година издадоа заедничко соопштение во кое открија дека се разведуваат, бракоразводната парница меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се уште не е завршена.

По соопштението, славните актери велеа дека решени се да стават точка на својот брак. како и дека сакаат тоа што побрзо да го завршат, но тоа се уште не се случи.
наводно, според американски таблод Анџелина му забранувала на поранешниот сопруг да ги гледа децата. А по големите тензии кои траеја со денови, па и пресметка преку медиумите, холивудската актерка решила да го промени ставот.
„Тие се договорија и околу други детали за разводот. Се ќе биде решено за неколку детали. Тао е голем пресврт, со оглед на тоа дека актерката беше прилично оштра во правната битка и не сакаше Бред да учествува во одгледувањето на децата“, вели неименуван извор за People.
„Главна работа е дека се согласуваат околу поделбата на старателството. Се шушкаше дека разводот ќе го поништат, но тоа не е блиску до вистината“. објаснува понатаму и додава дека Анџелина речиси сите ги изненадила, со оглед на тоа дека со месеци на сакала да слушне за поделено старателство.