Се наближува Велигден, а утре наутро се вапсаат првите јајца. Затоа, на секоја домаќинка и се добредојдени советите како да вапса повеќе јајца,а ни едно да не пукне.

За овој начин потребни ви се крпа и сода бикарбона.
Крпата ставете ја на дното на тенџерето во кое ќе ги варите јајцата, а потоа наредете ги врз неа. Тие ќе заземат место меѓу наборите. Потоа налејте студена вода колку да се покријат јајцата и додадете четвртина лажичка сода бикарбона.
Вклучете го шпоретот на средна јачина, а потоа, штом почне да врие водата намалете. Варете додека не се сварат јајцата.