Конкурс за фотографија: Холандија во Македонија

од Vladimir Zorba
125 прегледи

 Амбасадата на Кралството Холандија објави повик за конкурс на фотографии на тема Холандија во Македонија (NL in MK), по повод Националниот ден на Холандија – Денот на кралот.

На конкурсот можат да аплицираат сите заинтересирани без разлика дали се професионални или аматерски фотографи.

Натпреварот е отворен на 2 април, а може да се аплицира до 17 април во 12 часот. На 25 април Комисијата ќе одлучи за десет најдобри фотографии што ќе бидат отпечатени и изложени на Денот на кралот. Најдобрите три фотографии ќе бидат наградени со велосипед, прва награда и ваучери за фотографска опрема за втора и трета награда. Сите добитници ќе добијат покана на прием во Амбасадата на Денот на кралот и специјални награди.

 Идејата е да се најдат сличности, заробени слики во Македонија, што потсетуваат на обележјата на Холандија, без разлика дали се работи за бои, форми, начин на живот…

Фотографиите треба да бидат направени во Македонија и да не се дигитално изменети.

Надворешната комисија ќе одлучува врз основа на креативност, оригиналност, техничка извонредност, композиција и целокупната уметничка заслуга. Резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на холандската амбасада.