Пронаоѓачот Питер Мадсен на кого му се суди за убиство на шведската новинарка Ким Вал (30) на неговата подморница гледал видео на кое на жена и ја отсекуваат главата неколку часа пред наводно да го изврши убиството на новинарката, беше речено во судот во средата.

Медсен кој призна дека го расчеречил теото на Вал, но негира дека ја убил, имал повеќе од 40 видео клипови, вклучувајќи и анимирани или таканаречени snuff films од жени како ги бесат, им ја отсекуваат главата или ги приковуваат, на неговиот лап топ, вели обвинителот.
На други 47 хард дискови кои му припаѓаат на Мадсен, има уште 100 видеа или линкови до видеа со слична содржина – убиства, отсекување глави или сексуално мотивирани распнувања.
Анализата на наеговите компјутери покажала дека од март 2017 година тој редовно пребарувал “snuff-films”.
Обвинителот Јакоб Буч-Јенсен пребарал на google се што го интересирало Мадсен, од слатки мачиња до биткоин.

Мадсен пребарувал и видеа со специфични наслови како „како да се избришат сите фотографии од iPhone” или „да се ослободам од нејзината глава“.
Ноќта пред интервјуто со Вал, во август 2017 година тој на својот iPhone гледал видео со наслов “млада жена во болки откако полека и била отсечена главата со мал нож“.
Деловите од телото на вал, закачени за метал, беа фрлени во морето, а подоцна најдени, во близина на Копенхаген. Таа исто така била избодена 14 пати во пределот на гениталиите.
Пронаоѓачот е уапсен на 11 август откако се спасил од морето, кога потонала неговата подморница, за која обвинителот вели дека е намерно потопена.
Мадсен тврди дека Вал починала несреќно кога паднал притисокот на водухот во подморницата, а токсични гасови навлегле во неа.