Експертите за вештачка интелигенција (AI) изразуваат огромна загриженост околу соработката на универзитет од Јужна Кореја со компанија за автономни оружја.

Научниците од областа на вештачката интелигенција од речиси 30 земји повикуваат на бојкот на универзитет во Јужна Кореја поради загриженоста дека резултатите од новата лабораторија отворена во партнерство со водечка компанија за одбрана би можело да бидат „роботи-убијци“.
Повеќе од 50 водечки академици го потпишаа писмото во кое повикуваат на бојкот на Korea Advanced Institute of Science and Technology (КАИСТ) and и неговиот партнер, компанијата за оружје Hanwha Systems.
Научниците велат дека нема да соработуваат со универзитетот и институтот КАИСТ поради стравување дека нивната цел е да ја забрзаат трката за равој на автономни оружја.
Бојкотот се случува пред состанокот на ОН закажан за следната недела во Женева на тема автономни оружја.