Руското Министерство за надворешни работи објави дека новите санкции воведени од страна на американското Министерство за финансии против 24-ца руски државјани и 14 руски компании, нема да останат “без хард одговор” , пренесе Дојче Веле.
“Никакви мерки за притисок нема да ја отргнат Русија од избраниот курс”, се вели во соопштението објавено на сајтот на руското Министерство за надворешни работи.
Москва ја обвини земјата на САД дека се обидува да ги отстрани своите конкуренти на пазарот.
Потсетуваме дека е санкциите беа наметнати поради дејствијата на Москва за поткопување на западните демократии, вклучувајќи хакерските напади, како и окупацијата на Крим, поттикнување на насилство во источна Украина, снабдување на оружје за режимот на сирискиот лидер Башар Асад.
Најавата на руското Министерство за надворешни работи не ги коментира мотивите што официјално ги соопшти американската страна.
Не е специфицирано и што ќе биде тешкиот одговорот од Русија.