Како најефикасно да го намалите крвниот притисок?

од desk2
180 прегледи

Резултати од истражување кое траело полни 25 години, покажуваат дека одењето во сауна е активност со која значително се намалува ризикот од создавање на висок крвен притисок.

Истражувањето кое траело полни 25 години го спроведе Универзитет во источна Финска, а откри дека одењето во сауна во голема мерка го намалува ризикот од создавање на висок крвен притисок.

Истражувањето опфатило 1.621 мажи, а оние кои оделе во сауна најмалку два до три пати во неделата, имале 24 отсто помали шанси за добивање на хипертензија.

Со сауна се прошируваат крвните садови, па на тој начин доаѓа и до опаѓање на крвниот притисок, а се зголемува потрошувачката на течности во организмот, која исто така е предизвикана од намалениот крвен притисок.

Покрај тоа што ќе се ослободите од стрес, се исфрлуваат и токсини од вашиот организам, се подобрува сонот, се унапредува кардиоваскуларниот систем и се топат калории.

„Опуштањето на телото и умот после стресен ден на работа е еден од најважните фактори за здрав и долговечен живот“, пишува авторот на истражувањето Јари Лауканен.