Британците се брзаат да добијат пасоши од земјите на ЕУ , информира Ројтерс.

 

Бројот на Британци кои станаа државјани на друга земја на ЕУ повеќе од двојно се зголеми во 2016 година, сe наведува во  статистиката на Еуростат.

Во 2016 година, кога Британците гласаа за излез од Унијата, 6 500 граѓани на Островот се здобиле со државјанство  на друга земја од ЕУ што  е за 165% зголемување од 2 478 лица во 2015 година . Од нив 2702 Британци се добиле германски пасоши – што е скок од 355 отсто.

Во Германија, процесот на пасош трае само неколку месеци во споредба со една или повеќе години  во други земји на ЕУ.

За споредба во Франција во 2016 година, само 517 Британци станаа државјани на европската држава, што претставува зголемување од 38 отсто.

Во Белгија, каде што илјадници Британци работат во Брисел, 506 Британци добиле белгиски пасоши , што е четири пати повеќе од 2015 година

Податоците на Еуростат покажуваат дека последните 10 години бележат постојан пораст на бројот на британски граѓани кои добиле пасоши од други земји на ЕУ, со четири пати повисока отколку во 2007 година во 2016 година