Ford објави фотографии и техничките детали за новата генерација на моделот Focus.

Производителот го претстави новиот Focus во луксузната верзија Vignale, како и со спортски ST-line пакет, а за прв пат овој автомобил ќе има и „крос“ варијанта под ознаката Active.
Покрај хечбекот со 5 врати, Ford го откри и изгледот на новиот Focus караван.
Покрај новиот дизајн на внатрешноста и надворешноста, четвртата генерација на Focus доби и нови, модерни технологии.
Автомобилот е поставен на новата C2 механичка табла и благодарение на тоа е зголемен просторот во кабината, како и безбедноста на патниците, а има пододбрување и на аеродинамичните карактеристики, што влијае на намалување на потрошувачката на гориво.
Автомобилот е унапреден со: „stop&go“ функција, систем на адаптивни фарови, „head-up“ дисплеј, унапреден систем за паркирање, детекција на автомобил во „мртов агол“, систем за автоматско кочење…
На располагање се 1.0 EcoBoost варијанти со 85, 100 и 125 коњски сили, како и 1.5-литарски EcoBoost во верзии со 150 и 182 коњски сили.
Од дизелашите, ќе бидат понудени верзии од 1.5 и 2.0 литри. Помалиот ќе биде достапен во верзии од 95 и 120 кс.
Продажбата на европскиот пазар ќе почне наесен, а според првичните информации, почетната цена во Велика Британија ќе биде 17.930 фунти или околу 20.500 евра, што е за 2.000 фунти поскапо од цената на актуелниот Focus во земјата.