Пентагон соопшти дека сириската воздушна одбрана не соборила ни еден од 105 проектили кои САД и нејзините сојузници нќеска ги испалија во Сирија.

Потсетуваме дека Русија претходно соопшти дека биле испалени 103 ракети и дека сириските сили пресретнале 71 благодарение на системите од советска изработка со кои Москва ги опреми Сиријците.
Шефот на Здружениот штаб на американската војска Кенет Мекензи рече дека сириската противвзушна одбрана не делувала по ракети ни по авиони кои биле вклучени во изведувањето на нападот.
Мекензи додаде дека нема знаци дека руските противвоздушни системи делувале, наведува АП.
Според него испалени се 105 проектили на три локации во Сирија.
„Го нападнавме срцето на сириската хемиска програма“, рече Мекензи, наведувајчи дека на Сирија на тој начин и е зададен голем удар.
Мекензи оцени дека операцијата била многу успешна и додаде дека за сега нема податоци за цивилни ѓртви.
Освен тоа, според портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт, нападите се извршени за да се онеспособи Сирија за користење хемиско оружје во иднина.
Нападите не претставуваат промена на американската политика или обид да се симне сирискиот режим од власт, вели таа и додава дека САД не може да дозволи такво кршење на меѓународното право.
Вајт вели дека САД нема да толерираат користење хемиско оружје каде и да е во светот и ја повика Русија да ги исполни своите обврски и да се осигура дека сириската влада ќе се откаже од хемиско оружје.
„Нашата цел во Сирија е ст, да се победи Исламска држава, но нема да стоиме на страна додека другата страна, со поддршка на русија и Иран, го крши меѓународното право“, рече таа.
САД, Франција и Велика Британија ноќеска извршија воздушни напади во Сирија по неодамнешниот напад на Дума во кој според западните земји, било користено хемиско оружје.