Рускиот суд го продолжи домашниот притворот на еден од највлијателните режисери Кирил Серебреников. Тој нема да присуствува на овогодинешното издание на „Кански филмски фестивал“, иако неговиот филм „Лето“ е во официјална селекција.

Освен со филм, Серебреников се занимава и со театарска режија, а има ангажмани и во престижниот „Бољшој театар“. Тој е голем критичар на власта и политиките на Путин, активист и зема активно учество во протестите против влијанието на Ортодоксната црква во Москва. Моментално, Серебреников е под сомнение за проневеа на 1 милион долари од државниот буџет, за што режисерот одговори дека е голем апсурд. Ова не е прв пат Русија да гони филмаџии. Големиот руски режисер Андреј Тарковски имал проблеми со тогашната власт, филмот „Левијатан“ на Андреј Звјагинцев беше цензуриран. Во Иран, режисерот Џафар Панахи постојано се соочува со цензура врз неговите филмови./В.К