Холанѓаните спијат најдолго, Јапонците најкратко

од desk2
151 прегледи

 

Според британски Independent, истражување ке опфатило 100 нации во светот покажало дека Холанѓаните спијат најмногу, а најмалку сон имаат Јапонците.

Студијата објавена во магазинот Science Advances покажа дека најмалку спијат маите на средни години, 30 минути помалку од жените, особено меѓу 30 и 60 година од животот.

Жителите на Јапонија и Сингапур во просек спијат по 7 часа и 24 минути додека луѓето во Холадија спијат 8 часа и 12 минути во просек. Британците во просек спијат нешто пократко од 8 часа, колку и Французите.

Истражувачите тврдат дека повеќето луѓе своето спиење преку ноќ го регулираат во согласност со работата, работните обврски и работното време па затоа истражувањето е наречено „Глобална криза за сон“.