Волксваген продава маски за iPhone направени од уништени возила при сообраќајка поради мобилен

од desk2
96 прегледи

 

Компанијата Волксваген почна да продава маски за iPhone, кои се направени од кршот на уништени автомобили предизвикан од користење мобилен телефон во текот на возењето.

Пишувањето порака на смартфон во текот на возење е опасно и неретко смртоносно. Само да го тргнете погледот од патот за секунда да прочитате некоја порака може да биде кобно. Ќе ви претрча пешак, возилото пред вас е закочи или едноставно ќе светне црвено светло на семафорот, што е доволно за несреќа.

Во Шведска е усвоен закон за забрана за користење телефон при возење, но бројот на несреќи не се намали, па затоа претставништвото на Волскваген реши да ги напрами овие заштитни маски за мобилен телефон, како потсетник да не се користи мобилниот додека возите.

„Знаме дека лесно се случува да земете мобилен в рака за да одговорите на повик или да пратите порака. Но, во тој случај ризикот од несреќа е за 23 пати поголем, па добро е да сфатите зошто е тоа толку важно“, вели Јохан Карлсон, бренд менаџер на Волксваген во Шведска.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=73&v=L4r5_-eEkL0

Маските се рачно направени, а секоја од нив е уникатна. Вкупно се призведени 153 маски, а се продаваат по цена од 69 долари. Сите пари од продажбата ќе се донираат за шведската организација Трафикскадефонден која помага на луѓе повредени во несреќи.