Дабот што го посадија Трамп и Макрон однесен во карантин

од desk2
132 прегледи

 

Стеблото што го засадија францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот колега Доналд Трамп во дворот на Белата куќа, не е повеќе таму.

Стеблото беше подарок од Макрон за Трамп, а потекнува од местото на големата битка од Првата светска војна. Макрон рече дека стеблото ќе биде потсетник на она што ги поврзува САД и Франција.

Но, фотографите неколку дена подоцна воочија дека го нема на местото каде беше посадено.

Францускиот амбасадор во САД подоцна појасни дека тоа е однесено во карантин,а во дворот на Белата куќа најверојатно ќе биде вратено на есен.