Членови на Владата на Грција ветија намалување на тешката пренатрупаност на камповите за мигранти и бегалци на грчките острови , што се случува во услови на растечките протести на Грците дека миграциската криза ја засегнала тешка и клучна локална туристичка индустрија за четврто последователно лето, соопштува “Асошиетед прес “.

Министерот за миграцијата Димитрис Вицас кој го посетил островот Лезбос денеска изјави дека Владата има за цел да го намали бројот на мигрантите на пет големи грчки острови од сегашното ниво од 15 500 до 6500 , што е еквивалентно на капацитетот на бегалските центри, до крајот во септември .
Промените беа ветени и покрај неодамнешниот пораст на дневните пристигнувања на мигрантите на островите и на копнената граница на Грција со Турција во североисточниот дел на земјата.
Премиерот Алексис Ципрас деенска ќе го ппосети Лезбос додека Грците во земјата планираат во оваа прилика улични протести и штрајкуваат во име на компаниите што работат во главното пристаниште.