Аукциската куќа „Кристи“ ја објави големата продажба на дела која ќе се оддржи на крајот на мај. Над 750 дела ќе бидат тргувани кои ја сочинуваат колекцијата „Пост-воена и Совермената уметност“, а меѓу нив се најде портрет на Пикасо за кои се предвидува продажба од 70 милиони долари.

Дела на автори кои ќе бидат на продажба се рускиот сликар Казмир Маљевиќ, Френсис Бејкон, Енди Ворхол и Џеф Кунс. Од Кристи сметаат дека продажбата на дела ќе достигне вредност од 850 милиони долари, пренесува Ројтерс.