Премиерот Зоран Заев, во придружба на неговата сопруга, Зорица Заева, вчера биле во посета на Косово, но посетата била од приватен карактер. 
Посетата на Заев не беше официјална, тој само се состана со косовскиот премиер Рамуш Харадинај во домот на вториот, напиша АлсатМ.
“Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи”, напиша Харадинај на Фејсбук.

Но, за оваа неофицијална посета нема никакво известување на ФБ профилот на македонскиот премиер, ниту пак од Влада на РМ, пишува AKO.mk