Силна бура во Солун, цел град под вода

од desk2
90 прегледи

 

Силен ветар, обилен дожд и град го зафатија Солун, а на пожарникарите им пристигнале 300 повици за изпумпување вода од приземни и подрумски локали и станови.

Големата количина вода ги претвори улиците во реки, предизвика сообраќаен хаос, посебно во крајбрежните улици и булевари на Солун, каде реки вода се слеваат во морето.

Поплавено е и приземјето на Белата кула“, како и зградата на општината Солун.

Една жена е повредена кога на улица ја соборила надојдената вода, а од поплавени автомобили спасени се четворица.

Во центарот на Солун има прекин на струја поради удар на гром, а евектродистрибуција соопшти дека поплавени се шахти на 11 главни среднонапонски кабли и неколку трафостаници кои нема да работат додека не се испумпа водата од нив.

На меѓународниот аеродром „Македонија“ сообраќајот беше на кратко сопрен, но летовите и понатаму доцнат.

Заради поплавата прекината е работата на пумпите па во одредени делови нема и вода.

Метеоролошката служба со вонредно соопштение предупреди на невреме, силен дожд, град и ветар, за денеска и утре во поголем дел од Грција и на егејските острови.

https://twitter.com/ALPHA_TV/status/994552287535263744