Црна Гора може да претрпи неуспех во приклучувањето кон ЕУ ако не направи повеќе да ги заштити новинарите и медиумските слободи.

Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ја даде изјавата, по средбата со новинарката на дневниот весник „Вијести“ Оливера Лакиќ, која известува за криминал и корупција.
Лакиќ на 9 мај беше застрелана и повредена пред нејзиниот дом во главниот град Подгорица.
Пукањето беше „јасно дека е напад врз медиумските слободи, врз слободата на изразување, една од вредностите на ЕУ“, рече Хан./РСЕ