„Ме шпионираш?“ Еве што велат Alexa, Siri и Google

од desk4
112 прегледи

Проблемите со собирање лични податоци од граѓаните не се од вчера. Паралелно со нив, голем број корисници се плашат дека големите технолошки компании ги користат уредите што ги продаваат за да ги следат сите наши активности.

Појавата на т.н. гласовни асистенти, како Alexa на Amazon, Siri на Apple и Google Assistant, само налеваат дополнително масло на огнот.

Трите компании велат дека асистентите не ги слушаат постојано корисниците, туку само кога ќе „уловат“ клучен збор.

Како и да е, CNBC прави брз тест со трите популарни гласовни асистенти, прашувајќи ги во чист текст – дали не шпионираат или не.

„Еј, Alexa, дали ме шпионираш?“

Еве што вели Alexa на Amazon:

„Само го испраќам аудиото во Amazon кога ќе ме активираш. За повеќе информации и за да дознаете за политиката за приватност на Amazon, посетете го делот за помош во вашата Alexa апликација или на alexa.amazon.com“.

„ОК Google, дали ме шпионираш?“

А одговорот на Google Assistant гласи:

„Вашата безбедност е на прво место при сè, што прави Google. Google ги чува вашите податоци безбедни и ви дава контрола врз нив. Можете да дознаете повеќе на privacy.google.com“.

„Еј Siri, дали ме шпионираш?“

Siri не троши многу зборови и одговара:

„Не“

Колку и темата да изгледа забавно за некои луѓе, тука нема вистинска шега.

Amazon и Google директно ги насочуваат корисниците кон нивните општи услови, додека Siri на Apple категорично го негира секое шпионирање.

Можеби ќе биде попрецизно ако помошникот на Apple барем ги насочува корисниците кон општите услови на компанијата.

Сепак, употребата на оваа технологија е наменета само за да помогне, нели?