Светската филмската продукција во 2018-та година ќе донесе филмски наслови на големи режисерски имиња. Во пост продукција е филмот на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон насловен како „Рома“ (Roma). Според онлајн мрежата ИМДБ се работи за социјална приказна која портретира живот на семејство од средната класа во раните 70-ти години во Мексико сити.

Во постпродукција е и филмот Radegund на Теренс Малик кој обработува тема за Втората светска војна.
„Вдовица“ на режисерот Стивен Мекквин е во завршна фаза, а портретира жени кој се задолжени од своите починати сопрузи кои се занимавале со криминал.
Грчкиот режисер Јоргос Лантимос го заврши филмот „Омилен“ (Тhe Favourite) кој обработува истрориска тема за Кралицата Ана.
Ова се само неколку наслови од филмовите кои следат, а ќе имаат премиера во 2018-та година.