Двајца уапсени за тепањето на градоначалникот на Солун

од desk4
140 прегледи

Грчката полиција уапси двајца учесници во масовниот напад на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, јави агенцијата Атина АМНА. Полицијата ги прегледала видеата и фотографиите на кои е регистриран напад за да ги најдат виновниците. 

“Екстремнодесничарскиот хулигани ќе одговараат за своите постапки”, напиша заменик-министерот за внатрешни работи Николас Тоскас на “Твитер”.

Во саботата неколку десетици лица нападнаа Бутарис за време на настани во спомен на геноцидот врз Понтиј Грци. Бутарис мораше да избега од митингот откако десетици го опколија и почнаа да го навредуваат, по што неколку луѓе го натепаа и го гаѓаа со шишиња со вода. По инцидентот, Бутарис остана една ноќ во болница.

Нападнат и тепан градоначалникот на Солун (ФОТО+ВИДЕО)

 

Властите го осудија “фашистичкиот” напад. Според политичарите, популизмот и национализмот отворено ја загрозуваат демократијата и општеството. Бутарис се залагал за зајакнување на трговските врски со Турција и изјавувал дека основачот на Република Турција Кемал Ататурк е голем државен деец, а на Денот за меморија за жртвите на геноцидот дозволи спроведување на геј парада (Thessaloniki Pride). /   TASS