Принцот Хари пред 14 години во Африка запозна сираче, го покани на венчавката

од desk2
113 прегледи

 

Принцот Хари на својата венчавка во сабота повика и едно сираче од Африка кое прв пат го запознал пред 14 години за време на патувањето на овој континент.

Мутсу Потсане го запознал војводата од Сасекс кога имал 4 години, за време на престојот на принцот во Африка. Брзо се спријателиле и останале во контакт во текот на сите воие години.

Мутсу, чие вистинско име е Релебохиле, бил еден од десетте претставници на добротворната организација на Хари „Сентебале“.

Во еден многи трогателен момент на венчавката Хари е снимен како мафта кон својот пријател.

Хари и соосновач на хуманитарната организација „Сентебале“, што значи „Не заборави ме“. Овој проект започна со принцот Сеисе од Лесото во 2006 година.

Целта беше да се подобри перспективата на илјадници деца и млади кои се погодени од ХИВ и СИДА во африканските земји.

Принцот Сеисо (52) исто така, присуствуваше на венчавката со својата сопруга, принцезата Маберенг, пренесе Daily Mail.