На граничниот премин „Богородица“ денеска со колони возила и 30 минути чекање за влез и излез од Македонија. Околу 10.000 Македонци ја напуштија државата кон Грција за продолжениот празничен викенд, пренесува 24 Вести.

.Заради новиот автопат „Пријателство“ и тешкоснаодливоста да се насочат кон Дојран, целиот патнички сообраќај беше преку „Богородица“. Колони возила и пред грчката граница.
Речиси сите Македонци што ги анкетирала Теливизија 24 ќе престојуваат на првиот крак од Халкидики, во хотелско и приватно сместување, велат не било евтино. Од туристичките агенции тврдат дека освен за Грција, голем број граѓани за продолжениот викенд заминале и за Бугарија и на екскурзии во Турција.