Промоција на книгата „Заедно да растеме” од Филип Димковски

од desk4
96 прегледи

   Книгата „Заедно да растеме” од Филип Димковски ќе биде промовирана денеска во Салонот 19:19 во Културно-информативниот центар – Скопје.

Книгата „Заедно да растеме“ ја сочинуваат 38 песни за деца поделени во два циклуси, насловени „Јас, семејството и другарчињата„ и „Запознај ме, засакај ме и јади ме“. Песните се наменети за читателите на возраст од пет до 11 години, но и за нивните родители.

Книгата ќе ја промовираат Татјана Гогоска и Горјан Петревски, стихови од книгата ќе чита авторот и учество на ученици од ОУ Кузман Јосифовски Питу и музичкото училиште „Пијано Форте“.

Димковски е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Автор е на стихозбирките „Најхранливи зборови од дестак душа радови“, „Божилак на исконот“, „Во градината има само љубов“, „Заедно да растеме“ (илустратор: Александра Ацеска) и „Еко дете-чувари на природата“ (илустратор: Јасмина Главинче).

Пишува поезија за возрасни и поезија за деца, како и кратки прозни форми. Поезијата му е препеана на англиски, италијански, руски, српски, хрватски, бугарски, германски, грчки и ромски јазик, а дел од прозното творештво му е преведено на хебрејски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија.