На вечера со Вучиќ може секој – фигура на српскиот претседател поставена во ресторан

од desk2
148 прегледи

 

Фигура на претседателот на Србија поставена е во еден ресторан, а реакциите на граѓаните се урнебесни.

Сопственикот на белградскиот ресторан се досетил како да привлече гости, па сега во неговата кафеана на една маса седи „Вучиќ“, а оној кој сака да вечера со претседателот мора да направи резервација. Секако, масата е постојано зафатена.

Телото на Вучиќ е направено од пластика, а главата од гипс.

„Идејата за скулптура на претседателот на Србија да ја поставам во кафеаната беше од маркетиншка природа и се покажа како чист погодок, вели Звездан Пејовиќ, сопственик на кафеаната „Денес“, и додава дека објектот не го рекламирал, но фотографиите на посетителите брзо се рашириле по социјалните медиуми, па сега постојано е зафатена „претседателската маса.

Фигурата седи во кафеаната веќе дваесетина дена, а гостите веќе навикнале на неа.

„Поделени се мислењата на оние кои доаѓаат. Некои притрчуваат да го гушнат, а други луто плукаат на под“. вели Пејовиќ.

Една госпоѓа му пришла и му кажала се што мисли за неговата политика, но и за лошата состојба во која живее.

Сепак, највпечатлив му е моментот кога четиригодишно девојче побарало да се фотографира со претседателот, а кога тој го зел телефонот, таа му рекла, само нешто да му шепнам.


Влегле и двајца припадници на партијата на Вучиќ и се вкопале во место, па рекле: мислевме дека навистина е командантот.

За својата фигура во ресторанот Вучиќ не знае, но сопственикот го кани да дојде. Знае претседателот на општината кој доаѓа од редовите на партијата на Вучиќ.

Пејовиќ вели дека забрането е исмевање со претседатело, иако има онакви кои би му ставиле рогови, но и девојки кои би му седнале во скутот. Но, тоа е забрането.

На прашањето до кога планира да го има Вучиќ во кафеаната, Пејовиќ вели: Па мој е.
Ако тој му донесе пари, планира да постави скулптури на Тито и на Путин.

Скулптурата на Вучиќ ја правела уметницата Марија Јовановиќ цели шест месеци. Сопственикот е задоволен од учинокот, а коментарите по сцијалните мрежи во главно се позитивни.