Робот стана водител на телевизија во Кина

од desk2
137 прегледи

 

На една локална телевизија во Кина на почетокот на јуни ќе почне да работи водител – робот.

Роботот тежи 29 кг и висок е 1,21 м, а од 6 јуни ќе работи како водител на телевизијата Nanning.

Тој ќе води нова програма на локалната телевизија.

Роботот наречен Cao Ning Siaobay може и да танцува, а со батерија може да работи до 12 часа.

Властите во Кина сметаат дека индустријата на вештачка интелигенција е нова движечка сила.