Сменет шпанскиот премиер Маријано Рахој

од desk2
129 прегледи

Шпанскиот премиер Меријано Рахој денеска е сменет од функцијата, откако тој не го помина гласањето за доверба на владата во шпанскиот парламент. Обраќајќи се до пратениците рече дека е горд на својата работа.

„Чест е да се остави подобра Шпнаија од онаа која ја презедов. Им благодарам на сите Шпанци и среќно“, порача тој пред самото гласање, со што го потврди поразот и пред одлуката да биде донесена.

Рахој е сменет поради минатонеделната пресуда за корупција на некои поранешни членови на неговата конзервативна Народна партија.

За смена на Рахој гласаа 180, а 169 пратеници беа против, додека еден беше воздржан.

Во Шпанија гласањето против новиот премир значи и избор на нов, па второпласираната партија на изборите од 2016 година, Социјалистичката, го предложи Педро Санчез за кандидат.

По гласањето рахој (63) му пријде на Санчез (46) и му пружи рака.

Се очекува Санчез да ја преземе должаноста во понеделник и да именува свој кабинет.