Претседателот на Германија ги замоли хомосексуалците за прошка заради децениите страдања и неправди кои ги претрпеле како резултат на репресивни закони во Германија во ерата на нацизмот и по Втората светска војна, пренесува “Асошиејтед прес”. 

Френк-Волтер Штајнмаер зборуваше на церемонијата на одбележување на геј прогон на режимот на Адолф Хитлер .

ДПА цитира Штајнмаер да истакнува дека грубото однесување кон хомосексуалците траеше и  во повоената ера , во двата дела на тогаш поделена Германија, каде хомосексуалноста со години се смета како кривично дело .

Шефот на државата на Германија изјави дека “затоа сакам денес да побарам прошкам , за сите страдања и неправди и за молкот за се та  што следел “.

Штајнмаер истакна дека сака да ги смири “сите хомосексуалци, лезбејки и бисексуалци, сите ЛГБТ” дека се заштитени во денешна Германија .