Луѓе во бело дојдоа на пикник во Париз

од desk2
100 прегледи

 

Илјадници луѓе во бело присуствуваа во неделата навечер пред Домот на инвалдите во Париз, по повод 30. париска Вечера во бело, големиот пикник.

На овогодишната вечера, 30. по ред, присуствуваа речиси 17.000 луѓе, многу повеќе од вообичаено, а меѓу нив имаше и околу 6.000 странци кои доаѓаат во Париз токму поради вечерата, наведоа организаторите.

За овој настан кој се организира во 80 градови во светот, од Њујорк преку Монтреал до Сиднеј, полицијата не бара дозвола, бидејќи се работи за пристојни луѓе кои го сакаат редот.

Правилото наведува дека сите учесници треба да бидат во бела облека и по вечерата, која обично завршува околу полноќ, да не остават никаков отпад. Алкохолот и пивото се службено забранети.

За местото на оддржување, учесниците се известени во последен момент. Доаѓаат со столчиња на склопување, садови и бели свеќи, а некои и со сребрени за да ги почитуваат се повеќе правилата на послужување на храна кои важат во Франција.