По Словенија и Хрватска невремето ја пустоши и Црна Гора

од desk2
308 прегледи

 

Силно невреме ја погоди Црна Гора и Босна и Херцеговина, а се очекува да стигне и во Србија. Во Црна Гора направена е голема материјална штета.

Силен ветар ја погоди Бока Которска, а Херцег Нови виде и пијавица или помало торнади.

Најголеми оштетувања има на дврјата, куќите и покривите.

Уште една пијавица е забележана кај Будва, а невремето што синоќа го зафати Товат во Црна Гора, оштети и два помали авиони паркирани на аеродромот Тиват.

https://www.facebook.com/p.vremeplov/posts/1047571588724181

Ветрот превртел и два автомобили, а повреден е еден граѓанин.

Во петок пак, невреме ги погоди Словенија и Хрватдка, каде исто така се причинети големи материјални штети, а се очекува дождовите да продолжат и денеска. Нивото на предупредување е подигнато на највисоко „црвено“. Најголемо невреме било забележано на границата со Хрватска, каде паѓал град со големина на тениско топче.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2241403462749409/

Во поголемиот дел на Босна и Херцеговина ветрот рушел се пред него, има многу паднати дрвја кои го оневозможуваат сообраќајот.