Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот претстоен самие со Ким Јонг Ун е единствена шанса за севернокорејскиот водач.

На конференција за новинарите пред заминувањето од Канада, од каде оди на историскиот самит со Ким Јон Ун во Сингапур рече дека верува оти ќе помине добро.
„Тоа е единствена шанса која нема да се пружи повеќе“, рече Трамп, пренесе Франс прес.
Трамп во Канада присуствуваше на состанокот на Г7 на индустриски најразвиените земји во светот од кој заминува порано поради средбата во Сингапур.
Смета дека Северна Кореја многу добро сорабува со САД и дека за сега работите добро се одвиваат, но смета дека влегува на непозната територија.
Како што пренесе АП, Трамп звучел оптимистично и рекол дека верува оти Ким Јон Ун е подготвен да направи нешто многу позитивно за својот народ, за себе и за своето семејство.
Рече дека на себе ја презема мисијата на мирот. Самитот е закажан за вторник во Сингапур.