Ова е историската фотографија на Меркел и Трамп од самитот Г-7

од Vladimir Zorba
103 прегледи

На официјалниот профил на Инстаграм на германската канцеларка Ангела Меркел  е  објавена  историската фотографија на светските лидери од кои во преден план се токму Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според аголот на фотографијата, во ситуацијата доминира канцеларката. Авторот на оваа фотографија е официјалниот фотограф на германскиот кабинет, Јеско Дензе, кој успеал да ја фати канцеларката како стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце. Исто така, на масата се и францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Мај.

Неспорно е  дека  оваа фотографија без зборови ги дефинира и покажува неколкуте тензични ситуации на самитот Г-7 во Кадана.

 Трамп на настанот се обиде да ја протне и врати Русија на маса во друштвото на најмоќните на што тие му се спротиставија.

Настанот беше наречен и Г-6 плус еден“ поради однесувањето и одлуките на Трамп да го повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

На крајот тој избега без договор  со лидерите и без да учествува во подготовката на заедничкото соопштение по средбата.