Временска прогноза

од desk4
92 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8 

Утринската температура од 13 до 19 степени, а дневната температура од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.

Во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.