32 земји ќе се натпреваруваат на Светското првенство во фудбал во Русија во следните четири и пол недели, но само еден тим ќе се врати дома како победник.

Иако секој фан или експерт има мислење кој на крајот ќе победи, голем дел од убавината на играта се крие во нејзината непредвидливост.
Фудбалот – најмалку оној, кој се игра во Русија во овие денови – е игра позната со малку голови (само прашајте американските спортски фанови за атрактивноста на ремито без голови) и затоа едно погрешно решение, една промашена топка или едно искривено рамо може да одлучува за исходот на цела сезона или турнир.
Бидејќи се противат на непредвидливоста на играта, аналитичари од „Goldman Sachs“ развија сложен статистички модел, за да се обидат да го прогнозираат тимот, кој ќе ја наследи Германија како светски шампион.
Според нивната анализа врз основа на 53 одделни променливи, вклучувајќи рејтингот на тимови, рејтингот на играчите, неодамнешни резултати и неодамнешното претставување на конкурентите, Бразил е фаворит да ја освои титулата со веројатност од 18,5%. Франција е втора во оваа своевидна класификација со веројатност од 11,3%, следена од бранителот на титулата Германија (10,7%).