Исходот од турските претседателски избори подоцна овој месец може да се одлучи во последен момент, со тоа што шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе мора да освои тешка битка за да ја консолидира својата моќ. Ова станува јасно од анкетата на „Блумберг“ меѓу гласачите.
Ердоган би можел да победи на претседателските избори во првиот круг на 24 јуни со 50,8% и да добие мнозинство во парламентот, станува јасно од резултатите на агенција „Foresight Danismanlik“ меѓу 500 луѓе во периодот 7-11 јуни.
Сепак, изненадувачка победа на опозицијата е можна и во рамките на статистичката грешка.
Според податоците, постојат секакви варијанти, а единствената сигурна работа е дека резултатите ќе бидат многу блиски. Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) не би можеле да победат сами, откако во претходните гласања тие сметаа на поддршката на религиозните конзервативци, либерали или Курди. Сега, сепак, успехот на претседателот зависи од тоа како националистите во Турција ќе гласаат, открива студијата.
Најсилниот фактор кој ја „наклонува“ скалата во корист на Ердоган и неговата партија е непоколебливата посветеност на неговите гласачи. Но, тоа не е случај со националистите кои се повеќе се откажуваат од својата партија.
„Ердоган секогаш имал потреба и ќе има потреба од коалиции“, посочува Мерт Јилдиз, поранешен економист од „Roubini Global Economics“ во Лондон и коосновач на „Foresight“.
„Дури и ако Ердоган победи како во парламентот, така и во однос на претседателството, политичката неизвесност е малку веројатно да заврши“, додаде тој.
Анкетата е прва од ваков вид во Турција. Таа се одвива во област во земјата, која одговара на демографските и социо-економски карактеристики, како и во друга, во која резултатите од последните три гласања се совпаѓаат со податоците за земјата. Статистичката грешка е во рамките на 3,5 процентни поени – повеќе од вообичаените анкети, поради ограничениот обем на испитаници.

Најблискиот противкандидат на Ердоган за претседател е Мухарем Инџе од опозициската Републиканска народна партија (РНП). Тој предвидува дека ќе добие 30,1 отсто од гласовите. По него е кандидатот на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) Селахатин Демирташ, кој иако води кампања од затвор, се очекува да добие 10,5% од гласовите. Поранешнaтa министерка за внатрешни работи, Мерал Акшенер, на новата Партија на добрината, добива 8%, откако не успеа да ги оправда повеќето очекувања.
Ако претседателската трка заврши во втор круг, водството на Ердоган ќе биде уште поголемо, објави агенцијата.
Меѓутоа, тоа не е случај на парламентарните избори.
Демортиската партија се очекува да добие 11,7 отсто од гласовите, што значи дека ќе го премине прагот од 10 отсто за да влезе во парламентот. За споредба, Партијата за националистичка акција (ПНА) ќе добие 4,5%. Сепак, таа ќе влезе во парламентот, без оглед на нејзиниот исход, откако е во сојуз со АКП, која се очекува да освои 46 отсто.
Проекциите за главната опозициска партија РНП се 27,5%, а за Партијата на добрината 9%.
„Иако Ердоган веројатно ќе ја добие власта, вистинскиот победник на овие избори ќе биде Мухарем Инџе“, вели „Foresight“.
Според податоците, економијата е главна грижа за гласачите, при што за 34,2% од испитаниците тоа е најголемиот проблем во земјата. Веднаш потоа следат тероризмот и невработеноста, со 17,7% односно 13,5%.
Изборите доаѓаат во услови на силно девалвирана лира и високата инфлација, претворајќи ги економските перформанси во пречка за Ердоган за прв пат во последните 15 години, откако ја води земјата.
Претседателот успеа да ги загрижи инвеститорите со своите неконвенционални економски теории и напади врз Централната банка. Во исто време, во интервју за „Блумберг“, шефот на државата рече дека по изборите, тој ќе бара поголема контрола врз финансиските политики на земјата.
Но, иако мнозинството од испитаниците – 35% – укажуваат на намалување на нивниот животен стандард, малкумина се подготвени да се свртат против Ердоган. Само 4,6 отсто од гласачите на АКП се подготвени да го поддржат Инџе.