Турскиот лидер на опозицијата, Мухарем Инџ, е решен да го порази претседателот Реџеп Ердоган, објави АФП. 
На 24 јуни, во Турција ќе се одржат претседателски избори. Според Инџ, Ердоган работи 16 години, делејќи ги своите сонародници.
Тој се потпира на единство и се надева дека ќе ги обедини несреќните со актуелната влада.
Според неговите зборови, земјата има потреба од “свежа крв”, а не уморен човек кој само вика.
Од своја страна Ердоган соопшти дека вонредната состојба наметната по обидот за државен удар во јули 2016 година, ќе биде укината , ако биде избран на претседателските избори.
Повеќе од 160 000 лица се приведени и сличен број државни службеници беа отпуштени од обидот за преврат, објави ОН.
Социолошки истражувања покажаа дека Ердоган не е сигурен победник. За првиот круг потребен е минимален одѕив од 50 проценти.