Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и премиерот Алексис Ципрас си заминаа као и што дојдоа повторно со чамците за Парадес по ручекот кој беше организиран во Отешево.

Коѕијас на заминување на својот шегобиен стил рече дека се било убаво како на свадба:
„ Среќни сме за договорот и во Отешево имавме конструктивен разговор со Димитров. Денот помина во прекрасна атмосфета. Имавме одличен пречек од домаќините. Јадењето и езерото се прекрасни. Наликуваше на свадба. Следува интензивен период. Во скоро време ќе одам во Скопје за да разговараме за нови деловни од договорот“, изјави Коѕијас.
Ципрас рече дека е задоволен од постигнатиот договор. На крајот се пошегува, дека „вратовската на премиерот Заев ќе ја чува засекогаш“.

Инаку како што објави Нова имале вистинско свадбарко мени . И тоа тројазично и на македонски грчки и англски за европските гости.
Ручекот почнал на традиционално македонски начин. Гостите почнале со ѓомлезе, бело сирење и пинџур а била послужена и нашата жолта ракија “Антика” . Главното јадење беше телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт била послужена баклава и палачинка со крем од ванила и овошје. Сето тоа било залиено со македонско вино од “Тиквеш”.

Македонските домаќини, европските и грчките гости биле исклучително задоволни од квалитетот на се што било ставено на маса.
Како што веќе беше јавено утринава, Договорот за решавање на спорот со името беше потпишан денес на грчката страна на убавата Преспа во селото Псарадeс а потоа двете делегации со чамци дојдоа во Отешево на ручек и на здравица.