Американски медиуми објавија снимки кои ја шокираа целата држава. На снимките се гледаат деца кои се затворени во простор ограден со жична ограда во Тексас, а “Propublica” објави и аудио снимки од деца на возраст од 4 до 10 години, кои плачат и ги повикуваат своите родители.

Поради политиката „нулта толеранција”, за да се спречи илегалната имиграција, во минатите шест недели две илјади деца биле раздвоени од своите родители.
Против таквата политика на американскиот претседател Доналд Трамп, се побуни дури и неговата сопруга Меланија.
На снимките покрај детскиот плач се слуша и граничен полицаец кој вели: „Имаме вистински оркестар тука. Ни недостасува само диригент“.
Снимките се број 1 тема во американските медиуми и на социјалните мрежи предизвикувајќи негативни реакции и згрозеност кај Американците.