Велика Британија објави шема за престој за граѓаните на ЕУ на островот по Брекзит, објавија Гардијан и Би-Би-Си. 
Владата ветува дека ќе го забрза процесот на регистрација за граѓаните на ЕУкои сакаат да останат во Велика Британија по Брекзит. Барањата за престој на островот ќе бидат решени “за денови” наместо 6 месеци.
Министерот за внатрешни работи Садџид Џавид изјави дека со шемата британската влада се обврзува да ги заштити правата на граѓаните на ЕУ кои веќе живеат на Островот.
Од објавениот од министерството документ кој е од 57 страници, станува јасно дека етапно шемата ќе проработи од подоцна оваа година и апликациите ќе можат да се поднесуваат онлајн или преку мобилни телефони со оперативен систем Android, но не и со iPhones. . Граѓаните на ЕУ ќе добијат личен број, но не и физичка картичка, која ќе мора да ја користат кога користат јавни услуги, вклучувајќи ги и здравствените услуги, работните места и изнајмувањето имот.
Проценето е дека Министерството, ќе треба да разгледува по 4 500 молби на ден, за да помине низ 3,2 милиони апликации пред програмата да заврши во јуни 2021 година Но, бројот може да биде дури и повисок , бидејќи според министерството меѓу 3 , 2 и 3,8 милиони граѓани на ЕУ се претпоставува дека имаат право да учествуваат во шемата.
Европејците ќе треба да достават пасош или лична карта со дигитална слика и Министерството за внатрешни работи автоматски ќе проверуваат различни владини агенции за докази дека живеат на Островот.
Барањето на некој со казна од повеќе од 12 месеци може да биде одбиено, иако судската ревизија на Обединетото Кралство и на ЕУ нема да биде автоматска.
Ако граѓаните на ЕУ не сакаат да поднесат барање, како користат национален осигурителен број и даночни документи, Министерството за внатрешни работи ќе донесе други докази за престој, вклучувајќи документи за платени локални даноци за изнајмување или хипотека и други сметки.
Според статистичките податоци, Велика Британија има 3.8 милиони граѓани на ЕУ и 900.000 британски граѓани.