Необични начини на кои можете да ја искористите кората од банана

од desk2
168 прегледи

Бананата е многу повеќе од вкусна храна – таа може да ви помогне при спиењето, па дури и да ви ги намали болките во стомакот.

Но, што е со нивните кори? Дали треба само да ги фрлиме во канта за ѓубре? Поголемиот дел од луѓето веројатно и го прават тоа, но кората од банана не мора да биде само едно парче ѓубре.

Во продолжение прочитајте на кои се начини можете да ја искористите кората од ова популарно овошје.

Нахранете ги билките во својот дом

Ставете ја кората од банана во голем сад полн со вода, измешајте ја смесата, а потоа едноставно полијте ги своите билки со оваа смеса.

Направете компсот

Кората банана бргу се разградува и во земјата испуша голема количина на хранливи материи.

Ублажете ја алергијата и чешањето

Нанесете кора од банана на местото каде сте се исфрлале за да го ублажите чешањето и да го поттикнете процесот на лекување.

Нахранете ги животните

Слободно можете да додадете мелени суви кори од банана во храната за домашни животни како што се кокошки, свињи, зајаци и говеда.

Омекнете го месото

Додадете кора од банана во сад за печење, со цел да спречите парчињата месо без коски и кожа да се исушат во текот на печењето.