Продавал вода од виршли како врвен еликсир

од desk2
161 прегледи

 

Ако ви треба доказ дека луѓето ќе дадат многу пати за нешто што се смета здраво, сега го имате пред вас.

Имено, еден уметник од Ванкувер, Канада, продавал вода од варени виршли на уличен фестивал и луѓето тоа го купувале.

https://twitter.com/bhwaterplant/status/1011809792816504832

Даглас Беванс продавал шишиња со вода во која се вареле органски виршли под назив „Hot dog water”, по цена од 38 долаши за едно шише.

Како што вели, сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја сипувал во шишиња. Така припремен напоток продавал на еден уличен фестивал.

Едно шише нефилтрирана вода продавал за 38 долари, а две чинеле само 75 долари, поради неговата посебна понуда во недела.

Канаѓанецот на луѓето кои ја купувале водата им ветувал исклучителни здравствени бенефити, како зголемување на мозочната функција, слабеење и младешки изглед.

Беванс на крај, за порталот Ванкувер открил дека продал вкупно 60 литри од оваа вода.

Многумина коментираат дека со тоа докажал дека луѓето се будали кои купуваат сешто.