Јапонска ракета експлодира штом полета

од desk2
112 прегледи

 

Ракета која ја произведе јапонската старт ап компанија, која требаше да одлета во вселената 100 километри, експлодира по само неколку секунди по лансирањето.

При тоа никој не еповреден.

Ракетата МОМО-2, која ја разви компанијата”Interstellar Tehnologies” лансирана е утрово во градот Таики на јапонскиот остров Хокаидо. пренесе АП.

На телевизиските снимки се гледа ракетата, долга 10 метри, како паѓа на земјата штом ќе полета од платформата, а веднаш потоа се запалува.

Претседателот на јапонската компанија Такахиро Онагава, рече дека верува оти ракетата имала дефект на главниот мотор. Инаку, денешниот инцидент е втор од ваков вид откако ракета од оваа компанија прв пат беше лансирана минатиот јули.